Севиџ ги предупреди Ливерпул и Арсенал: Ако Ван Дајк вреди 75 милиони фунти тогаш Марез…

robbie_savage

Поранешниот член на Манчестер Јунајтед и некогашен репрезентативец на Велс, Роби Севиџ ги предупреди Ливерпул и Арсенал дека ќе треба убаво да го отворат ќесето ако сакаат да дојдат до услугите на Ријад Марез.

Марез веќе неколку години е еден од најдобрите играчи на Лестер, играч кој беше клучен за историската титулата на „лисиците“, па воопшто не е изненадување што за него има интерес од големите клубови како во Англија и Европа.

-Би кажал дека Марез вреди 75 милиони фунти. Ван Дајк замина за 75 милиони фунти, а тоа е дефанзивец. Марез пред две години беше играч на сезоната и ја освои ПЛ, па зашто да не вреди 75 милиони фунти? Најтешката работа е да креирате шанси и давате голови во лигата, -истакнал Севиџ со што испрати јасна порака до Ливерпул и Арсенал кои пројавија интерес за Алжирецот.

Facebook Коментари