Сетиен: Вчера шетав со кравите во моето село, сега ќе ги тренирам најдобрите играчи на светот

setien

Барселона вчера го потврди искусниот Кике Сетиен за нивен нов тренер или во случајот наследник на Ернесто Валверде.

Денеска пак Сетиен ја имаше својата официјална промоција на новата функција, а колку оваа шанса му значи и колку е среќен што ќе има можност да води клуб како Барселона се гледа по неговата прва емотивна, искрена изјава:

-Како прво, сакам да и се заблагодарам на оваа институција, претседателот, Абидал и Рамон за можноста што ми ја дадоа овде да дојдам. Ниту во моите најлуди соништа не можев да го замислам ова, дека овде ќе бидам.  Јас сум некој кој е многу емотивен и денес е многу посебен ден за мене. Како прво, морам да му се заблагодарам на клубот, јас сум многу возбуден за овој предизвик и овој проект. Вчера шетав покрај кравите во моето село, сега сум тука да ги тренирам најдобрите играчи на светот, -истакна Кике кој веќе ја имаше првата средба со играчите.

-Зборував со играчите, го имавме првиот контакт едни со други и подготвеноста што тие ја имаат е извонредна. Ние сме апсолутно сигурни дека многу брзо ќе се разбереме, бидејќи многу работи што ќе им ги предложиме, тие веќе ги знаат. Постојат многу работи за кои сме јасни и ние ќе се обидеме да ги пренесеме, да бидеме сигурни дека не се само зборови. Барањата и стандардите на овој клуб постојано тоа го бараат од вас, -дополни шпанскиот стручњак.

Facebook Коментари