Поврзете се со нас

Шпанија

Сетиен тврди дека бил „насанкан“ од два елитни шпански фудбалери: Направија да добијам отказ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/villarrealcf

Кике Сетиен имаше доста неуспешни етапи на последните две работни места во Шпанија, бидејќи најпрво беше отпуштен од Барселона, а потоа и од Вилјареал.

Последниот ангажман на искусниот стручњак датира од минатата година кога на стартот на сезоанта беше отпуштен од „жолтата подморница“, отказ за кој сега самиот вели дека голема заслуга имале двајца многу познати шпански фудбалери.

Сетиен при гостувањето во „Кадена Сер“ откри дека се уште не ја добил отштетата од Вилјареал за врачениот отказ, но исто така обелодени дека бил „насанкан“ од Дани Парехо и Раул Албиол, поранешните шпански репрезентативци.

– Вилјареал како клуб смета дека ми врачи фер отказ и наброја низа причини за таквото сценарио. Всушност, ми беше објаснето дека ми пресудиле фудбалерите.

– Всушност, двајца играчи зборувале глупости и невистини за мојата работа. Дарни Парехо и Раул Албиол порачаа дека пресезоната ни била ужасна и дека не сме тренирале добро…… Како да добиете фер третман од клубот кога играчите зборуваат така и измислуваат работи?

– Се уште не сум ги добил парите од Вилјареал, но не паметам случај еден тренер да загуби спор со еден клуб. Парите ќе мора да ми бидат исплатени, – вели Сетиен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни