Поврзете се со нас

Шпанија

Сетиен посочи што Барселона треба да направи за да ја освои титулата во Примера

Објавено

на

Наредната недела се враќа фудбалот во Шпанија, а од пол позицијата ќе тргне екипата на Барселона која по 27 одиграни кола има два бода предност во однос на вечниот ривал Реал Мадрид.

Ова значи дека во 11 преостанати рунди ќе не очекува пеколна битка и за тоа е свесен тренерот на каталонците, Кике Сетиен кој смета дека неговите избраници ќе мора да слават на сите дуели ако сакаат да ја освојат титулата во Примера.

-Нормално, играте натпревари во предсезона и ги мерите одиграните минути, сега тоа ќе биде поинаку, Ќе видиме како ќе се движат натпреварите и каква ќе биде ситуацијата за секој играч, секој е различен. Мислиме дека мора да победиме на секој натпревар ако сакаме да бидеме шампиони.

-Добро напредуваме и знаеме дека мора да бидеме во врвна форма за да се натпреваруваме и да победиме на секој натпревар. Психички сме на на добро место и ќе видиме како течат натпреварите и тешкотиите што ги предизвикуваат нашите противници, -истакна Сетиен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни