Поврзете се со нас

Шпанија

Сетиен откри која ѕвезда сака да ја тренира и испрати нова порака за недоразбирањето со Меси

Објавено

на

Шпанските медиуми на големо пишуваа за различните ставови на Лионел Меси и Кике Сетиен околу шампионските амбиции на Барселона во Лигата на шампионите, сето тоа откако капитенот јавно нагласи дека Барса со прикажаната игра во најголем дел од сезоната нема шанси да се носи со најсилните тимови.

Сетиен експресно истакна дека не се согласува со Лео на таа тема и потенцираше дека Барселона има капациетет да го освои најпрестижниот трофеј, а последно, Аргетинецот пред две седмици нагласи дека тренерот најверојатно не ја разбрал баш најдобро неговата изјава.

Малото недоразбирање секако и двајцата го ставаат во втор план, а за тоа говори и денешната изјава на Сетиен кој вели дека двајцата се сложни околу една работа.

– Моите изјави и изјавите на Меси се претворија во тема која предизвика голема дебата. Сепак и двајцата знаеме што сакавме да кажеме. Реалноста е дека и двајцата сме убедени во тоа дека сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите. Вистина е и тоа дека секогаш треба да се подобруваме, но и двајцата сме свесни дека во тимот има материјал за да се освои трофејот, – изјави Сетиен за „Беин Спортс, а притоа додаде дека во иднина би сакал да го тренира и Нејмар кој се поврзува со враќање на „Камп Ноу“.

– Би сакал да го тренирам Нејмар еден ден. Зборуваме за играч кој игра на неверојатно ниво. Моја среќа е што веќе си го оставрив сонот и што го тренирам Меси, но би сакал да го тренирам и Нејмар, – додава тренерот на Барса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни