Сетиен: Меси треба да добие одмор

quiquesetien

Новиот тренер на Барселона, Кике Сетиен, вели дека неговите фудбалери се навикнати да играат натпревар два пати неделно, но во одредени моменти сите мора да одморат.

Тоа важи и за Лионел Меси, кој според Сетиен во моментов нема проблеми, но тоа не значи дека треба да игра на сите натпревари.

– Меси како и сите други играчи, знае што може и што не може. Ако е на теренот, значи е во состојба да игра, а во моментов се чувствува добро и нема проблеми.

– Но, ќе дојде време кога ќе мора да го одмориме, не сум доволно во клубот за да ја оценам ситуацијата, наредниов период ќе може да направам проценка, – вели Сетиен.

Facebook Коментари