Сетиен: Изненаден сум од играчите…

setien

Кике Сетиен во текот на изминатава седмица беше промовиран како нов тренер на Барселона, а своето деби на клупата ќе го има токму вечерва на дуелот со Гранада кој се игра на „Камп Ноу“.

Токму во пресрет на овој меч Кике ги искаже своите очекувања или поточно призна дека е изненаден од однесувањето на неговите играчи, нивната отвореност да прифатат нови идеи за работа.

-Оваа недела мина многу добро, многу подобро од тоа што очекував. Кога ќе дојдете во нов тим, секогаш има неизвесност за тоа како ќе одговорат. Секогаш го има тој стимул и можете да видите дека тие се многу заинтересирани. Многу сум изненаден од ставот на играчите како ги прифаќаат бевте нови идеи. Среќен сум со сè: работата, капацитетот на играчите да разберат сè што ќе им кажам. Беше прекрасно. Фантастично, -истакна искусниот шпански стратег.

Facebook Коментари