Поврзете се со нас

Шпанија

Сетиен го понижи Гризман, па порача: Нема зошто да му се извинам!

Објавено

на

blank

Кике Сетиен полека почна да ги губи конците во Барселона и се почесто се наоѓа на удар од страна на фановите, кои по се изгледа ќе мора да се помират со сезона во која нема да освојат ниту еден трофеј во Шпанија.

Со новиот нерешен исход во дербито со Атлетико Мадрид, Барса му остави простор на Реал да отиде на плус четири на првенствената табела, а со оглед на тоа што „кралевите“ имаат подобар меѓусебен дуел и подобар распоред до крајот, станува јасно дека работата за каталонскиот гигант е пеколно тешка.

Реал дефинитивно се претвори во главен фаворит за титулата во Ла Лига на шест натпревари пред крајот, со тоа што ако победи на дуелот со Хетафе, во последните пет кола ќе влезе со навистина значајна позитива.

Барселона изминатава вечер ремизираше 2:2 со Атлетико Мадрид, а најчудна сцена на „Камп Ноу“ беше тоа што некогашната ѕвезда на „душекџиите“ доби шанса дури во 90-та минута. Антоан Гризман влезе во игра на стартот на судиското надополнување, потег кој голем дел од јавноста го протолкува како големо понижување за Французинот од страна на тренерот Сетиен.

– Можеби не беше логично што го ставив во игра толку доцна, но ќе беше уште полошо да не пробав. Не го ставив порано бидејќи тие што играа во нападот беа добри. Рики, Меси и Суарез вршеа добра работа, не беше лесно да се најде место. Не се согласувам дека ова е понижување. Да се стави во игра толку малку пред крајот за играч од негово ниво сигурно е тешко. Утре ќе зборувам со него, но нема зошто да му се извинам. Од друга страна, ќе сфатам ако се чувствува лошо, – порача Сетиен.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни