Шпанија
Сетиен: Барселона побара да ѝ простам дел од парите, но……

Кике Сетиен пристигна да го „гасне пожарот“ во Барселона во необичната 2020-та година, но откако каталонскиот гигант доживеа историски срам од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, клубот без размислување реши да му врачи отказ.
Искусниот шпански стручњак за отказот дозна од јавноста и тоа сериозно ги повреди неговите чувства, па на крајот заврши со клубот на суд откако Барселона не сакаше да му ги исплати платите кои му следат за предвреме раскинатиот договор.
Сетиен во меѓувреме работеше и во Вилјареал, но откако доби отказ и од „жолтата подморница“, Кике открива дека во моментов се уште добива отштета од двата клуба.
Всушност, Кике се раздели со Вилјареал на најдобар можен начин, но со Барселона ја доби парницата и постигна договор за исплаќање на парите на повеќе рати.
– Првично не сакав да одам на средба со луѓето од Барселона и мораше да решава судот. Пет дена пред да дојде работата до суд, Барселона побара да постигнеме договор. 16 месеци подоцна постигнавме договор, откако претходно побараа од мене да им простам дел од парите. Не бев подготвен да го направам тоа и се уште добивам пари од нив. Договорот беше да ме исплатат на рати, вистината е дека три години по мојата етапа во Барселона, се уште добивам пари за мојот договор, – открива Сетиен.
-
Англијапред 17 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Атлетикапред 24 часа
Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија
-
Англијапред 23 часа
Мек Алистер за препирката меѓу Гвардиола и Нуњез: Јас се смеев…(ВИДЕО)
-
Италијапред 20 часа
Италијанска драма: Голманот не Лече се избори за пенал во 96. минута! (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 13 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Италијапред 14 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот