Поврзете се со нас

Шпанија

Сестрата на Роналдо се навреди од ироничната порака на Перез и дрско му одговори на Инстаграм (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/katiaaveirooficial

Кристијано Роналдо има се помали шанси да го напушти Манчестер Јунајтед, бидејќи полека се ближи крајот на летниот преоден рок, а се уште нема добиено конкретна понуда од друг клуб кој ќе ги задоволи неговите апетити.

Од друга страна, Јунајтед исто така ги усложнува работите бидејќи не планира да го продаде искусниот голгетер, кој вчера се најде во центарот на вниманието и поради порака на Флорентино Перез.

Навивач на Реал побара од Перез да го врати Роналдо, одговорот на Флорентино звучеше потценувачки (Видео)

Претседателот на Реал беше запрашан од фан да го врати Роналдо во тимот на Реал, а првиот човек возврати иронично и алудираше дека не планира да троши пари за 38-годишен фудбалер.

Ваквата порака од Флорентино беше оценете како потценувачка, но иако нема реакција од Роналдо, јасно е дека навредена од истата е сестрата Катиа Авеиро.

– Тој има 38 гдоини, но се уште може да скока две метра во висина и да остане во воздух три минути и неговото тело нема маснотии. Покажи почит за себе стар човеку, имаш 75 години, – дрско му порача сестрата на Роналдо на Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни