Поврзете се со нас

Светски првенства

Сестрата на Роналдо откри што планирал фудбалерот и го шокираше светот: Сакаше да ја фрли капитенската лента во..

Објавено

на

И три дена по натпреварот на „Рајко Митиќ“ во кој Португалија остана без победа против Србија во псоледните моменти од натпреварот, се уште се зборува за скандалот кој го креираше главниот судија на натпреварот, а во кој учествуваше и Кристијано Роналдо.

Фудбалерот на Јувентус постигна чист гол, меѓутоа судиите не видоа дека топката ја минала линијата, па не досудија погодок за Португалија.

Тоа доста го налути Роналдо кој ја фрли капитенската лента и предвреме го напушти тревникот на стадионот.

Сега, сестрата на Роналдо Катиа Авеиро преку својот Инстаграм профил упати шокантна порака според која капитенот на Португалија планирал да ја фрли лентата директно во судијата.

– Португалија е ограбена на скандалозен начин. На Кристијано му е поништен чист погодок, па тој реагираше револтирано. Не може да гледа како тоа се прави на неговата Португалија. Сепак, покажа неверојатна смиреност и ладнокрвност затоа што неговата намера била капитенската лента да ја фрли во лицето на судијата. Го критикуваат за она што го направи и таквите „експерти“ едноставно веќе не можам да ги слушам, -порача Авеиро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katia Aveiro (@katiaaveirooficial)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни