Сестрата на најдобриот играч од НБА Лигата обвинета дека ограбила и убила старица

lenard

Новата ѕвезда на Лос Анџелес Клиперс и МВП на годинешното финале во НБА Лигата, Кави Ленард, е обвинета дека учествувала во вооружен грабеж кој завршил со смрт на една постара жена.

Кимеша Монае Вилијамс заедно со Кондејс Таи Таунсел ја следеле 84 годишната Афаф Анис Асад во казино во Лас Вегас. Потоа физички ја нападнале, па и ја украле торбата во која имало околу 1200 долари.

Нападот се случил на 31 август, а двете жени се уапсени на 3 септември. Старата жена на 4. септември им подлегнала на повредите.

Од полицијата бараат да се одбие секаква можност Вилијамсда излезе со кауција затоа што знаат дека  таа е сестра на Кави Ленард кој без никаков проблем може да плати милион долари за нејзино ослободување.

Инаку сестрата на Ленард важи за проблематичен тип и веќе во неколку наврати имала проблеми со законот најмногу поради кражби и обиди за кражби.

Facebook Коментари