Поврзете се со нас

Свет

Сервас: Карачиќ во Вардар? Кога го слушнав тоа слатко се изнасмеав!

Објавено

на

blank

Вардар сака да изгради што подобар, поконкурентен тим за следната сезона, а една од позициите која треба да се засили дефинитивно е онаа плејмејкерската, среден бек, позиција за која во јавноста се споменуваат неколку имиња меѓу кое и она на Игор Карачиќ.

Карачиќ е легенда на „црвено-црните“, играч кој остави голема трага во Вардар, па кога се потврди дека неговиот Кјелце има одредени финансиски проблеми, се повлекува главниот спонзор тогаш неговото име дојде одново високо на агендата на медиумите како можно засилување за актуелниот европски шампион.

Меѓутоа Хрватот е под договор со Кјелце, а и неговиот тим не сака да го пушти и за тоа јасна порака испрати првиот човек, Бертус Сервас.

-Јас сум во контакт со (Никола) Турна (тој е едно од планираните засилувањата за Кјелце за следната сезона), веќе одбра стан и не гледам причина за да си замине. Јас не сум чул дека некој нема да се појави на првиот тренинг во јули. Кога прочитав за Карачиќ и Вардар, само се изнасмеав. Игор останува со нас, -порача Сервас.

Сега како опции за местото среден бек во Вардар се издвојуваат Ловро Јотиќ од Бенфика и Миха Зарабец од Кил, па останува да видиме дали кое сценарио ќе се разлизира.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни