Поврзете се со нас

Балкан

Сериозните земјотреси во Загреб го означија „Максимир“ како неупотреблив

Објавено

на

Сериозните потреси кои го погодија Загреб пред неколку месеци имаа негативно влијание врз инфраструктурата на неколку стари објекти, но најсилниот земјотрес кој беше измерен во хрватската престолнина, приодонел и сериозни штети врз најпознатиот стадион.

Во овој момент, легендарниот „Максимир“ доби ознака за „привремено неупотреблив“, што стадинот го прави ризичен и несигурен за собирање на толпа на луѓе, или поточно фанови.

Градежниот испекторат во наредниот период ќе треба да донесе конечна одлука за тоа како ќе се санираат настанатите штети, бидејќи стадионот е во сопственост на градот Загреб и целиот товар ќе го преземат властите.

Динамо Загреб веќе со години наидуваше на „затворени врати“ кога е во прашање реконструкцијата на стадионот, но сега се верува дека е крајно време да се реагира, пред да се случи некоја трагедија.

УЕФА веќе имаше забрана за користење на горниот дел на Западната трибини, но сега на источната трибина и се заканува уривање, откако поради сериозните потреси, бетонските ѕидови добиле жолта налепница, што во превод значи дека е неупотреблива.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни