Поврзете се со нас

АТП

Сериозни обвинувања од Франција: Солзите на Ѓоковиќ беа лажни, неговото его доби тежок удар!

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ не можеше да се носи со емоциите во завршниот дел од финалето на Ју-Ес Опен, па пред последниот гејм во мечот, паузата ја започна со насмевка, а потоа комплетно се сруши и се расплака поради неверојатната поддршка која ја доби од публиката на „Артур Еш“ стадионот.

Светскиот рекет број еден бркаше историја во Њујорк и не успеа во намерата да стигне до календарски грен слем, но по поразот истакна дека е најсреќен човек во светот поради овациите кои ги доби од сите присутни гледачи на завршиот меч на Ју-Ес Опен.

Неговите солзи пред крајот на финалето ги трогнаа фановите на српскиот тенисер, но истите беа повод за скандалозно обвинување од Франција, испратено од страна на угледниот „Л’Екип“.

Познатиот весник објави текст од двајца реномирани спортски психолози, а едниот тврди дека солзите на Србинот биле лажни и биле очајнички обид да се деконцентрира Медведев кој на крајот победи со 6:4, 6:4 и 6:4.

– Ниту за момент не поверував во неговите солзи, во неговиот обид да ја размрда публиката. Не знам дали го забележавте неговото лице кога се врати после паузата. На теренот веќе не плаче, – вели Изабел Иншауп.

– Мислам дека неговото его доби таков тежок удар, па проба со шаховска стратегија да влијае врз Медведев. Мислеше дека со тоа ќе направи пресврт и дека ќе го дефокусира Медведев. На крајот не му успеа, – се надополнува Изабел, став со кој не се согласува вториот психолог, Меријем Салми.

– Емоциите на Ѓоковиќ не беа лажни, невозможно е да го направите тоа во таков момент и во такво сценарио во Њујорк, – заклучува Меријем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни