Поврзете се со нас

Англија

Сериозен рез од новиот косопственик: Ретклиф ќе отпушти 250 вработени во Јунајтед

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/INEOS

Англискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед прави големи промени во внатрешноста и полека ја менува цела директорска структура, но тука нема да застане револуцијата која ја има замислено Сир Џим Ретклиф.

Новиот косопственик на клубот веќе најави дека нема магично стапче и дека ќе му бидат потребни две-три години за да го среди хаосот, започнувајќи со промената во играчкиот кадар, но и целосно во хиерархијата на клубот.

Како што јавува „Би-Би-Си“, Ретклиф планира да отпушти околу 250 вработени како дел од својот далекусежен план, односно програм за да се намалат непотребните расходи и трошоци во клубот.

Со овој рез, без работа треба да останат доста вработени во сите можни оддели во клубот, освен во хуманитарната фондација која според Ретклиф е недопирлива.

Отказите ќе се врачуваат постепено и планот е бројот на вработени да се намали за една петина, односно 22 посто помалку од оние 1112 вработени на почетокот на 2024 година.

Оваа најава на „Би-Би-Си“ е тесно поврзана со она што го изјави Ретклиф пред само три недели, кога познатиот бизнисмен призна дека во Манчестер наишол на повеќе сметководители, отколку на луѓе кои цел живот работеле во фудбалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни