Поврзете се со нас

Англија

Серијата продолжува: Нова фуриозна партија на Арсенал во Премиер лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Арсенал разочара на соочувањето со Порто во Лигата на шампионите, но „топчиите“ кога играат во Премиер лигата едноставно летаат на теренот и за тоа вечерва добивме нова потврда, победа над Њукасл од 4-1.

Ова за клубот од Лондон беше шесто славје во низа, серија во која Кристал Палас и Барнли беа совладани со 5-0, Вест Хем со 6-0, Ливерпул со 3-1, односно најдобро помина Нотингем Форест со минимален пораз од 2-1.

Гол серијата на „Емирејтс“ беа најевена во 18 минута со автоголот на Ботман. Веќе во 24 минута беше 2-0 и тоа преку погодокот кој беше дело на германскиот репрезентатовец Хаверц.

Во вториот дел од периодот од 65 до 69 минута домаќините дојдоа до 4-0 и тоа благодарение на Сака и дефанзивециот Кивиор. Почесниот погодок за гостите беше дело на Вилок во самата завршница.

Избраниците на Артета имаат 58 бода, еден помалку од Манчестер Сити и два од лидерот Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни