Серијата на Хувентуд прекината, Димитријевиќ со скромен учинок

dimitrijevic

Ненад Димитријевиќ и неговиот Хувентуд минатата седмица и официјално го обезбедија опстанокот во најсилната шпанска кошаркарска конкуренција, па денеска во опуштена атмосфера во меч без значење загубија на гостувањето кај Делтеко ГБЦ  со 92-87.

Мечот беше изедначен со тоа што како клучна на крајот се покажа последната четвртина која домаќините ја добија со 27-22. Чери со 18 поени беше прво име кај домаќините, Лапровитола пак со 16 кошеви беше најзабележителен поединец кај гостите.

Нашиот Димитријевиќ повторно доби скромна минутажа и за 9 минути на терено уфрли 2 поени и 1 асистенција.

Во последната рунда за оваа сезона, Хувентуд е домаќин на Уникаха.

Facebook Коментари