Серијата е прекината: Македонија настрада во Ереван (Видео)

alioski

За „Дерби“ од Ереван,
Александар Табаковски

Македонската фудбалска репрезентација претрпе тежок пораз на вечерашното гостување во Ереван кај Ерменија во ракмките на четвртото коло во Лигата на нации.

Четата на Игор Ангеловски загуби со 4-0 и на тој начин став крај на серија без пораз во оваа група, но и на серијата од 10 мечеви без загубен натпревар. Ние последен пат бевме на страната на поразените во месец јуни 2017 кога од нас подобра беше Шпанија во квалификациите за СП. Меѓутоа на секоја низа и има крај, па така и на нашата, ама дефинитивно не моравме да настрадаме вака тешко на ова гостување и тоа против противник кој пред неколку денови на истиот овој стадион загуби од Гибралтар.

ristovski

Денеска свој ден немаше голманот Димитривски кој направи грешки при три од четирите голови, односно еден од нив беше ремек дело на Мхитаријан во 94 минута.

Претходно нашата мрежа ја погодија Пицели во првото и Мовсисијан и Газарјан во второто полувреме.

Ние и понатаму сме на првото место во групата со 9 бода, следниот меч го играме на гости кај Лихтенштајн во месец ноември.



Facebook Коментари