Италија
Серија А со поинаков протокол од Бундеслигата, едно правило ја прави сезоната многу неизвесна
Италијанските медиуми експресно ја пренесоа информацијата дека владата дозволила одржување на групни тренинзи на членовите на Серија А од 18. мај, но медицинскиот протокол кој е адаптиран носи голем ризик за продолжението на сезоната.
Министерот за спорт, Винченцо Спадафора појасни дека за разлика од Бундеслигата, во Серија А ќе важат поинакви правила, а она кое може да донесе крај на сезоната е поврзано со позитивен вест на коронавирус.
Спадафора појаснил дека ако само еден играч од клубот е позитивен, тогаш целиот тим ќе мора да оди во карантин 14 дена, што со други зборови значи дека таа екипа нема да може да тренира или да игра натпревари ако сезоната е започната, а тоа ќе ја доведе во прашање целата регуларност.
Во Германија, правилото е дека секој фудбалер или член на стручниот штаб што е позитивен оди во карантин, но не и неговиот цел тим.
Засега е јасно дека колективните тренинзи се дозволени од 18 мај, а за да продолжи сезоната Италијанската фудбалска федерација треба да го прифати новиот протокол на владата.
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 24 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Англијапред 22 часа
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
Англијапред 8 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)
-
Италијапред 8 часа
Кварацхелија конечно стави крај на црната серија: Ми фалеше ова чувство…(ВИДЕО)