Поврзете се со нас

Италија

Серија А одби да го одложи натпреварот Лацио-Торино

Објавено

на

Серија А реши да не го одложи натпреварот меѓу Лацио и Торино, со што веројатно ќе се повтори случајот од натпреварот меѓу Јувентус и Наполи.

Торино има дури осум заразени фудбалери со коронавирусот, па локалните здравствени власти го блокираа патувањето во Рим за денешната средба од италијанското првенство.

Лацио вообичаено се подготвува за средбата и веројатно ќе се појави на теренот на „Олимпико“, но гостите од Торино нема да допатуваат во главниот град.

Раководството на лигата денеска го разгледувала случајот и решила да не го одложи, иако е јасно дека преседанот направен со дуелот Јувентус-Наполи, му дава право на Торино да добие одложување.

Сега Лацио веројатно ќе добие службена победа 3:0, но Торино ќе треба да ги искористи истите правни насоки пред Италијанскиот олимписки комитет, за да добие право да го одигра натпреварот во друг термин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни