Поврзете се со нас

Италија

Серија А ја прикажа генијалноста на Елмас од повеќе агли: Чиста фудбалска класа (Видео)

Објавено

на

Елиф Елмас уште еднаш го прикажа својот извонреден фудбалски талент на најголемата сцена во Италија, дебитирајќи со мајсторски гол во дресот на Торино.

По реализираниот трансфер од РБ Лајпциг во Торино, Елиф мораше да почека за својот прв настап во новиот тим, но вчера влезе во игра и веднаш покажа што може да понуди на теренот.

Генијалното движење на Елмас беше зачинето со продаден „тунел“ и шмекерски лоб кој заврши со гол за Торино, а тоа направи кам-бекот на Елиф во Серија А да биде доста коментирана тема на чизмата.

Серија А преку сите свои официјални канали не престанува да ја споделува магијата на Елмас, при што прикажува и различни агли од теренот.

– Чиста фудбалска класа од Елмас…….

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни