Поврзете се со нас

Италија

Серија А го претстави ремек-делото на Димарко од уникатен агол (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Федерико Димарко изминатиов викенд постигна гол кој слободно може да се врти на најавните шпици на Серија А со години, бидејќи фудбалерот на Интер режираше ремек-дело какво што ретко се гледа на фудбалските терени.

Дефанзивецот покажа завидна луцидност и успеа да ги изненади и шокира сите присутни на „Сан Сиро“, откако неговиот удар од 56 метри заврши во голот на Фрозиноне.

Димарко го имаше Дамфрис како слободна опција на десната страна, па иако во прв момент го погледна него, во продолжение се одлучи за потег кој му донесе огромна популарност.

Левиот бек успеа да го изненади и матира голманот на Фрозиноне и постигна неверојатен гол, а истиот сега доби и посебно внимание од Италијанците.

Серија А објави најново видео од ремек-делото на Димарко, односно претстави како изгледал голот од перспектива на фудбалерот……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни