Италија
Серија А донесе конечна одлука за претстојниот меч на Џенова и го имплементираше новото правило на УЕФА
Водечките луѓе на Серија А ова попладне излегоа со официјално соопштение за натпреварот кој требаше да се одигра претстојнавата сабота на 3-ти октомври, оној меѓу Џенова и Торино во рамките од третото коло во новата сезона.
Серија А ја информираше јавноста дека оваа средба на крајот сепак нема да се одигра, бидејќи Џенова пријави дури 14 позитивни случаи на коронавирус во својот табор, од кои добар дел се фудбалери од првиот тим.
Тимот за кој настапува и нашиот Горан Пандев ја предизвика првата корона криза во Италија по гостувањето кое го имаше во Неапол, но истата нема да ја прекина сезоната во Серија А, која отсега ќе почне да го применува правилото на УЕФА.
Новото правило гласи дека секој тим ќе мора да го одигра својот предвиден меч ако има 13 играчи на располагање (12+1 голман), или во спротивно ќе биде запишан службен пораз. Клубовите во Серија А отсега ќе имаат шанса да побараат едно одложување на меч во текот на сезоната без да претрпат службен пораз, но за да се случи тоа, мора да имаат најмалку 10 позитивни случаи во својот тим.
Ова значи дека Џенова веќе го искористи своето право да одложи еден меч, па сега останува да видиме за кој датум ќе биде презакажан дуелот со Торино.
-
Репрезентација17 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства4 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства15 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства16 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација20 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства18 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства6 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација18 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор