Поврзете се со нас

Италија

Серија А донесе конечна одлука за бизарната грешка: Рома службено го загуби првиот меч во новата сезона

Објавено

на

blank

Рома ремизираше против Верона на гостувањето на „Бентегоди“ во првото коло во Серија А, натпревар кој не ни донесе огромни возбудувања на теренот, но затоа им донесе доста работа на луѓето во дисциплинската комисија.

Судскиот спорт во Серија А ова поладне донесе конечна одлука за огромниот превид кој го направи стручниот штаб на Рома и директорите на клубот, објавувајќи дека Верона ги освојува сите три бода од овој меч по службен пат.

Како што беше претходно пренесено, Амаду Диавара немал право да настапи на натпреварот против Верона, бидејќи бил нерегистриран играч на Рома, ниту за првиот тим, ниту за вториот.

Диавара наполни 23 години на 17-ти јули и во Рома се уште сметале дека е играч кој може да биде повикан за натпревар во Серија А како младинец од школата, но ова правило важи само за играчи до 22 години.

Поради тоа, Рома на бизарен начин го прекрши протоколот, па не по своја вина, Диавара се претвори во голем проблем за „волчицата“ на стартот на сезоната.

Освоениот бод на теренот дефинитивно не беше големо достигнување, но Рома остана сега и без него откако Серија А го регистрираше истиот со службена победа на Верона од 3:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни