Поврзете се со нас

Италија

Серија А доби зелено светло за рестарт на 20 јуни

Објавено

на

Претставници на италијанската влада, фудбалската федерација и клубовите од Серија А денеска потврдија дека најквалитетната италијанска фудбалска лига е подготвена за почеток кон средината на следниот месец.

Министерот за спорт, Винченцо Спадафора потврдил дека Серија А ќе започне на 20 јуни, но тој посакува враќањето да биде означено со реваншите од полуфиналето на купот една недела порано, за што ќе бара дозвола од премиерот Конте.

Во моментов на сила е забраната за спортски натпревари до 14 јуни, но фудбалот може да добие право да започне еден ден порано, при што тогаш би се одиграле натпреварите Јувентус-Милан и Наполи-Интер.

Од следниот викенд, деновите од 20 јуни би продолжило првенството, но со истиот медицински протокол кој е проблематичен за клубовите.

Тоа значи дека еден позитивен тест ќе значи двонеделен карантин за целата екипа во тренинг центарот, а заразениот поединец би бил во самоизолација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни