Поврзете се со нас

Шпанија

Серхио Рамос „го поздрави“ Лапорта: Некои работи не се купуваат со пари!

Објавено

на

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, веќе неколку месеци е топ тема на шпанските, но и светските фудбалски медиуми, бидејќи ја одработува последната сезона од договорот со „кралскиот клуб“.

Дури и угледната „Марка“ која често прва ги дознава работите од тимот на Сантијаго Бернабеу, во одделни наврати имаше спротивставени информации, најпрво дека Рамос останува, а потоа и дека сепак ќе замине.

И додека официјалните медиуми чекаат во ред за нова сензација, таа стигна од страна на интернет – стримерот Ибаи Љанос, кој го обезбеди Рамос за свој гостин. Овој пат провокацијата беше сосема поинаква: бидејќи стана збор за изборот на Лапорта за претседател на Барселона (кој вчера беше актуелен во медиумите дека му ја украл замената на Перез за Рамос, односно дека Алаба од Баерн ќе премине во Барселона).

Серхио Рамос „од прва“ ги отфрли можните шпекулации дека тој би можел да заврши на Камп Ноу.

– Се познаваме со Жоан, ми се допаѓа неговата личност. Но, нема шанси! Дури и да ми понудат 50 милиони евра годишно. Не, не би прифатил да играм во Барса ни за 70 милиони евра годишно. Некои работи не се купуваат со пари! Невозможно е јас да играм за Барселона,- рече Рамос.

Во натамошниот дел од интервјуто тој исто така вели дека не е можно Жерар Пике или Чави да го облечат дресот на Реал Мадрид.

Според она што може да се прочита низ медиумите, играчот смета дека има пред себе уште пет години од врвната кариера. Неговата нето-плата (по одбивање на даноците) на Рамос во Реал Мадрид изнесува 12 милиони евра. Капитенот на „белите“ кој го подигна и пехарот од Суперкупот 2017 игран во Скопје по триумфот над Манчестер Јунајтед, наводно има понуда од 20 милиони евра за 3-годишен договор во ПСЖ, додека од Реал Мадрид бара две годишен договор со истите услови, но управата не му ја дава таа понуда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни