Поврзете се со нас

Шпанија

Серхи Роберто: Требаше да ме избркаат за да си одам од клубот на мојот живот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Серхи Роберто до самиото крај чекаше нов договор од Барселона за продлжување на соработката, но капитенот не дочека такво нешто и стана јасно дека мора стави крај на една незаборавна ера во саканиот клуб.

После 18 години минати во каталонскиот великан, Роберто со голема гордост си заминува од Барса, но ако се прашувал тој, овој ден никогаш немал да дојде.

– Имав среќа да го живеам мојот сон, имав среќа да го носам дресот на Барселона. Најубавите години од животот ги минав во Ла Масија, му благодарам на клубот за се што ми овозможи. Сакав да се збогувам од навивачите на теренот, но на крајот не можев да го направам тоа. Сакам да знаат дека сум им благодарен за секој момент минат заедно.

– Кој можеше да замисли дека после 18 години ќе одигра 373 натпревари за првито тим и дека ќе освојам 25 титули. Сакам да им се заблагодарам на сите сиграчи, на тренерите, на директорите, на работниците во клубот. Без нив, ова немаше да биде возможно.Си одам среќен и благодарен за се што ми даде клубот на мојот живот. Сега ќе почнам нова авантура во друг клуб, но еден ден повторно ќе ни се вкрстат патиштата.

– Ла Масија е срцето на овој клуб, имаме неверојатни играчи во школата и треба да е има трпение. Со мојот татко секогаш зборевме дека од Барселона не си одите сами, треба да ве избркаат за да си одите. Така беше и сега, но вреди секој труд за да останете тука најдолго што можете, – изјави Роберто со солзи во очите.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни