Поврзете се со нас

Италија

Серхи Роберто имал многу попримамливи понуди на маса, но сега е подготвен да се бори за опстанок

Објавено

на

foto: x.com/FCBarcelona

Серхи Роберто стана слободен агент откако Барселона реши да не му понуди нов договор за продолжување на верноста, а тоа го натера капитенот да размислува каков треба да биде неговиот следен чекор во кариерата.

Искусниот играч за врска најпрво доби понуди од Шпанија за останување во родната земја и се чинеше дека ќе се пресели во Севилја, но откако оваа опција беше прецртана, доскорешниот капитен на каталонците се одлучи за помалку изненадувачки и возбудлив проект.

Роберто му се приклучи на Сеск Фабрегас во Комо и оваа сезона ќе биде еден од играчите кои ќе се обидат да опстанат во италијанската елита, цел која дефинитивно е многу поразлична од таа што ја имаше во Барселона со години наназад.

– Чест е што го имам Фабрегас за свој тренер во Комо. Тој своевремено беше еден од најдобрите играчи во светот, а сега ја почнува својата тренерска кариера и сигурен сум дека ќе има добар пат. Имав понуди од Шпанија, имав понуди од Блискиот Исток и од Премиер лигата, но кога разговарав со Фабрегас за првпат, веднаш сфатив колку е амбициозен и каков проект има клубот.

– Јасно е, целта е да се опстане во Серија А, но го почитувам тоа и ја гледам пошироката слика. Сеск и клубот имаат големи идеи за во иднина и тоа што тој е тренер во Комо беше пресудно за мојата одлука. Исто така, Комо е едно од најубавите места за живеење во светот, – вели Роберто во интервјуто за „Газета“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни