Поврзете се со нас

Шпанија

Серезо за операцијата Феликс-Барселона: Тој ќе биде еден од најдобрите играчи во Европа…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Жоао Феликс иако е под договор со Атлетико Мадрид веќе некое време не настапува за овој клуб, па така вториот дел од минатата сезона го мина во Челси, а во актуелнава веќе настапува за Барселона.

Тој не се прослави во Атлетико, влезе и во конфликт со тренерот Диего Симеоне и мораше да се бара решение со што позајмица беше најдобра опција со оглед на тоа што шпанскиот клуб не сака да го пушти под цена, поточна бара сериозна сума на пари. Жоа сега се обидува да се наметне во Барса, да си ја врати кариерата на вистински пат и има информации дека клубот од „Камп Ноу“ ќе се обиде да го откупи договорот на крајот на сезоната.

Ситуацијата во шпанскиот шампион им е повеќе од јасна на сите и ќе биде тешко да се реализира едно такво сценарио, односно ако не се случи тоа офанзивецот ќе се врати во Атлетико и тоа го потврди претседателот, Енрике Серезо.

-Жоао Феликс ќе биде еден од најдобрите играчи во Европа, му посакувам се најдобро во Барса. Тој е на позајмица, но ако Барса сака да го потпиш, тие ќе имаат опција тоа да се случи со сигурност. Во спротивно, тој ќе се врати, -порача Серезо.

Португалецот е врзан со „душекџиите“ до 30 јуни 2029 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни