Серезо се огласи за привилегираниот договор кој го има Барса за двајца играчи на Атлетико

serezo-grizman

Шпанските медиуми ова утро открија една интересен договор меѓу Барселона и Атлетико Мадрид, вест со која и соопштија на јавноста дека каталонскиот гигант ќе плати дополнителни 15 милиони евра за Антоан Гризман.

Покрај ова, беше пренесено дека Барселона ќе добие ексклузивно право за купување на Саул и Хименез во блиска иднина доколку клубот одлучи да ги стави на трансфер листата, а со оглед на тоа што станува збор за навистина звучна вест, попладнево се јави и првиот човек на Атлетико кој половично ги потврди гласините.

Енрике Серезо потврди дека Барселона добива привилегија за ангажман на двајцата фудбалери на Атлетико, но отфрли дека клубот ќе добие дополнителни 15 милиони евра како обесштетување за Гризман.

– Темата со Антоан се затвори со смешните 300 евра кои ги одреди комисијата како казна за Барселона. Не сакам да зборувам за парите, но договорот кој го имаме постигнато со Барса за нашите играчи, нема никаква врска со операцијата на Гризман. Таков ист договор имаме со уште неколку клуба од Шпанија, – открива Серезо.

За да нема нејаснотии, Барселона со овој договор има ексклузивно право да ја израмни секоја понуда и да добие предност за купување на Саул и Хименез доколку друг клуб достави официјална понуда, но тоа не значи дека по секоја цена двајцата ќе завршат на „Камп Ноу“ во блиска иднина.

 

Facebook Коментари