Поврзете се со нас

АТП

Серена се вмеша во дебатата „најголем тенисер на сите времиња“: Два збора го променија машкиот тенис

Објавено

на

Серена Вилијам без никаков сомнеж е една од најголемите и најдобри тенисерки на сите времиња, па како неверојатна спортитска со таков епитет, си даде за право да се вмеша во вечната тема која постојано е актуелна во машкиот тенис.

Тениските фанови и големите експерти во белиот спорт постојано го поставуваат прашањето кој тенисер е најголем на сите времиња, но откако Серена доби вакво прашање на турнирот во Емилија Ромања, даде одговор со кој јасно стави до знаење дека нејзин апсолутен фаворит е Рожер Федерер.

– Според мене, само два збора прават резиме за целото наследство во машкиот тенис: Рожер Федерер. Тој е синопсис за големина, класа и емоции и тој дефинитивно го промени тенисот.

– Може да гледате како новите генерации се обидуваат да играат како него, да се движат како него на теренот, ги имитираат неговите удари. Рожер е гениј.

– Јас сум голем фан на Федерер и навистина мислам дека тој е најдобар на сите времиња. Не може да не ви се допаѓа ова момче. Неговата игра е фантастична, би дала се за да играм како него, – порача Серена која го става Швајцарецот едно скалило над Ѓоковиќ и Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни