Серена се уште не е на посакуваното ниво: Венус го доби сестринскиот дуел на Индијан Велс (Видео)

Венус Вилијамс издвојува победа над Серена во 29 сестрински меч кои овие две великанки на тенисот го одиграа во третата рунда на Индијан Велс.

Венус победи со 2-0 во сетови со 6-3, 6-4 по еден ипол час игра со што покажа дека во моментов е во подобра форма од својата сестра што и е очекувано со оглед на тоа што за Серена ова беше прв турнир по породувањето.

-Долгата пауза го направи своето, зошто немав играно повеќе од една година. Не сум разочарана поради поразот, иако не е точно дека не би сакала да победам. Пред мене е долг пат и на тоа му се радувам, -порача Серена.

Ова беше најрана средба на Американките од 1998 година кога се сретнаа на Австралија Опен во второто коло. За Венус ова беше 12 победа во 29 меч, прв од 2014 година од Монтреал.

Facebook Коментари