Поврзете се со нас

ВТА

Серена се расплака и порача: Без Венус немаше да постои Серена (ВИДЕО)

Објавено

на

Серена Вилијамс не успеа да го мине третото коло на Ју-Ес Опен, односно големата шампионка немаше одговор за Ајла Томљановиќ која славеше со 2-1 во сетови.

Со ова Ајла ја испрати искусната Американка во тениска пензија и тоа пред нејзината публика во Њујорк. Многу емоции имаше на теренот на „Артур Еш“ на кој Серена спортски и џентлменски како и секогаш и го честираше триумфот на Хрватската која игра под знамето на Австралија.

Последниот танц на „кралицата“: Томљановиќ ја испрати Серена во тениска пензија (ВИДЕО)

-Се обидов, но Ајла беше малку подобра. Ти благодарам тато. Знам дека гледаш. Ти благодарам мамо. Сакам да им се заблагодарам на сите што се тука, на оние кои беа со мене буквално со години, децении. Сепак, се започна од моите родители, тие се одговорни за се. Јас сум им благодарna. Ова се солзи радосници, -рече големата шампионка која посебен акцент сепак стави на нејзината сестра Венус.

-Јас немаше да бидам Серена да не беше Венус, ти благодарам Венус. Таа е единствената причина поради која постои Серена Вилијамс. Ова беше забавно возење. Најневеројатното возење и патување во мојот живот. Благодарна сум на сите што барем еднаш во животот рекоа „напред Серена“. Благодарна сум затоа што ме доведовте до тука, -порача Американата која става крај на кариерата со 23 освоени грен слем титули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни