Поврзете се со нас

ВТА

Серена потврди дека ќе настапува на Ју-Ес Опен

Објавено

на

Серена Вилијамс ќе биде дел од претстојното издание на тенискиот грен-слем Ју-Ес Опен.

Оваа информација ја објави американската тенисерка со помош на тениската федерација во својата земја, по што стана јасно дека ќе атакува на 24-та грен-слем титула во својата кариера.

Организаторите потврдија дека Ју-Ес Опен годинава ќе се игра без публика и тоа во периодот меѓу 31 август и 13 септември, а Серена ќе биде меѓу најголемите ѕвезди на ВТА турнирот.

– Навистина сум нетрпелива да се вратам во Њујорк и повторно да настапувам на Ју-Ес Опен, – изјавила Вилијамс.

Таа со 23 грен-слем титули е на една титула до израмнување на бројот на титули освоен од легендарната Маргарет Корт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни