Серена по првиот меч по паузата: Возбудена сум, добро е што се вратив на терен…

serena

Серена Вилијамс по пауза од 11 месеци им се врати на терените и го одигра својот прв меч против Јелена Остапенко на егзибицискиот турнир во Абу Даби.

Големата шампионка загуби со 6-2 3-6 (10-5), но Американката е задоволна и возбудена што по само 4 месеци по породувањето е активна и што може да игра на високо ниво.

-Возбудена сум, добро е што повторно се вратив на теренот, ова е навистина добро време за мене. Мајчинството е феноменално. Бев малку загрижена, гледав кон мојот камп и прашував: Дали Олимпија е во ред, -истакна 36-годишната Серена за која се очекува да ја брани титулата на првиот грен слем во 2018 година „Австрилија Опен“ кој стартува на 15 јануари.

Facebook Коментари