Серена обезбеди финале на Вимблдон и ќе брка 24. грен слем титула

serena

Денеска во Лондон се одиграа полуфиналните мечеви во женска конкуренција на Вимблдон по што ги добивме тенисерките кои ќе се борат за пехарот на третиот грен слем турнур во 2018 година, а тоа се Серена Вилијамс и Анжелик Кербер.

Серена беше подобра од Германката, Јулија Гергес со 2-0 во сетови со што обезбеди 10 финале на овој најпрестижен турнир на кој ќе ја брка 24 грен слем титула. Американката славеше со 6-2, 6-4 и на тој начин и донесе Топ 30 пласман на ВТА листата, пласман кој може дополнително да се подобри (Топ 20) ако изрвојува победа во финалето против Кербер.

Кербер во првиот меч ја доби Јелена Остапенка со 6-3, 6-3 за 67 минути игра. Ова за Германката ќе биде второ финале во Лондон во последните три години.

Facebook Коментари