Поврзете се со нас

ВТА

Серена: Брзо ја тргнав ногата од педалата за гас

Објавено

на

Серена Вилијамс не се избори за финале на Ју-Ес Опен, односно во полуфиналето на турнирот во Њујорк загуби со 2-1 во сетови од Викторија Азаренка.

Американката беше супериорна во првиот сет кој го реши со 6-1, меѓутоа во продолжението противникот играше далеку подобро, а Серена не успеа да го задржи ритамот, да им одговор за топките кои ги враќаше Азаренка, тенисерката против која е доминатна во меѓусебните дуели.

-Почетокот беше одличен. Сè беше како што сакав. Сепак, од вториот сет Викторија започна да игра подобро. Можеби премногу ја тргнав ногата од гасот. Таа одлично тоа го искористи, -истакна Вилијамс која и понатаму не успева да се израмни со рекордерката по бројот на грен слем титули Маргарет Корт.

-Не знам дали има притисок. Искрено, во моментов не размислувам за тоа, -дополни Серена.

Во финалето Азаренка за противник ќе ја има Наоми Осака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни