Серџо Маркионе ја загуби најтешката битка

Пред краток период, Серџо Маркионе со препознатливиот оптимизам и луцидност ја претстави петгодишната стратегија за групацијата Fiat-Chrysler која ја предводеше, а денеска италијанските медиуми пренесоа дека ја загубил најважната битка.

Еден од највлијателните менаџери во автомобилската индустрија направи рутинска операција на рамото, по која доживеа неочекувани компликации на здравствената состојба, за денеска да биде потврдено дека починал на 66-годишна возраст.

Маркионе успеа да ја врати профитабилноста на италијански Fiat, a со групацијата FCA почна да остварува и сериозни профити, додека истовремено беше прв човек и на ултра успешниот Ferrari, односно Формула 1 тимот кој има култен статус во натпреварувањето.

Минатиот викенд, неговата здравствена ситуација ги натера раководствата на FCA и Ferrari да го заменат од менаџерските позиции, а неговите наследници ќе треба да продолжат по успешниот пат кој тој го зацрта.

Маркионе почина на 66-годишна возраст на клиника во Цирих.

Facebook Коментари