Поврзете се со нас

Свет

Серафимов со нов гол во Унгарија, Залаегерсег влезе во победничка серија (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Никола Серафимов постигна уште еден гол за Залаегерсег во првата лига на Унгарија.

Иако е дефанзивец Серафимов сезонава игра во фантастична напаѓачка форма, а најдобар доказ за тоа што денешниот погодок против Ѓирмот беше негов четврти во десеттиот лигашки натпревар. Залаегерсег се избори за триумф од 2-1 што за домаќините беше трето славје во низа.

Инаку Никола својот гол го даде во 35 минута кога стрелаше за 2-0 за да до крајот на првиот дел гостите ја намалат негативата, резултат кој се покажа како конечен на крајот.

Вториот наш интернационалец во редовите на Залаегерсег, Даниел Миловановиќ не доби минутажа на оваа средба.

Овде можете да го погледнете голот на стоперот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни