Поврзете се со нас

Светски првенства

Серафимов: Ни беше тешко по поразот од Холандија, но имаме сила за надигрување во втората фаза

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Македонија успеа да ја преслуша Гвинеја и забележа сигурна победа со резултат 29:20, но одлична вест за селекторот Кирил Лазаров е и тоа што успеа да поштеди добар дел од ракометарите на енергетски план.

Кире успеа да ротира на денешната средба против африканската селекција и зачува елитни имиња како Митревски, Пешевски и Митев, па тоа остава простор за што подобра подготовка за трите останатите натпревари кои следат во втората фаза на мундијалот.

Прва пречка за нашиот тим по се изгледа ќе биде селекцијата на Австрија, а Мартин Серафимов смета дека играчите се доволно физички подготвени за позитивно да одговорат на предизвикот.

– Среќен сум што победивме. Да не звучам арогантно, но ова беше очекувана победа за нас. Се фокусиравме само на себе, а пред нас сега е вториот круг на Светското првенство. Да одмориме вечерва, а од утре да се подготвиме за следната рунда во која ќе играме со Австрија, Катар и Франција.

– Денеска не бевме изненадени од нивната игра, ни беше малку тешко да се вратиме во ритам по поразот од Холандија, но ја остваривме целта и победивме. Селекторот ги бира оние кои мисли дека се најдобри во секој момент, не се потрошивме и имаме сила за втората фаза на мундијалот. Свежи сме за следниот меч и ќе го дадеме максимумот за да победиме, – изјави Серафимов.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни