Поврзете се со нас

Репрезентација

Серафимов: Не треба да жалиме, одиме напред…

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Македонија ремизираше со Австрија во првиот меч од новата фаза на 29. Светско ракометна првенство.

Пеколна борба водевме низ сите 60 минути со Австријците, ние имавме свои моменти, тие имаа подобри минути за да се влезе во супер неизвесна завршница, драма која кулминираше со погодокот на Филип Кузмановски пред звукот на сирената за конечни 29:29.

Бекот Мартин Серафимов смета дека нема за што да жалиме и мора веднаш да се фокусираме на новиот предизвик, соочувањето со Катар.

-Треба да сме среќни што освоивме бод со гол во последната секунда. Не треба да жалиме, одиме напред, следниот натпревар е со Катар, ќе го дадеме максимумот. Атмосферата во репрезентацијата е добра, дишеме еден за друг, нема притисок, се поддржуваме, веруваме еден во друг и затоа се случи тоа што се случи, -истакна Серафимов.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни