Поврзете се со нас

Лига на нации

Серафимов: Наше е да бидеме подготвени и мотивирани и на најдобар можен начин да ја искористиме шансата

Објавено

на

Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за првиот меч од новото издание на Лигата на нации, средбата против Бугарија во Разград.Истата е закажана за 2 јуни што значи нема премногу време, односно истото мора максимално да се искорсти за можеме да се претставиме во што подобро светло.Еден од играчите кој чека шанса е стоперот Никола Серафимов кој очекува добар наш почеток во ЛН.

– Пред сѐ очекувам новото издание од Лига на нации да го започнеме со добра игра против Бугарија. Противникот е квалитетен, но ако одиграме како што знаеме и умееме и го дадеме најдоброто од нас, мислам дека ќе ги освоиме бодовите.

– Секогаш очекуваме и се надеваме дека ќе добиеме шанса за настап. Наше е да бидеме максимално подготвени и мотивирани и на најдобар можен начин да ја искористиме шансата ако ни се укаже.

– Оваа група во која што сме во оваа сезона на Лигата на нациите е максимално изедначена, во денешно време сите играат фудбал, се случуваат чуда и сите може да извадат добар резултат против сите. Ние сме еден пример за тоа, успеавме да ја изненадиме Италија, бевме и блиску до СП. Не влегуваме како апсолутни фаворити на мечот со Бугарија затоа што ние сме на гости, шансите за победа се еднакви, -рече членот на Залаегерсег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни