Поврзете се со нас

Балкан

Серафимов меѓу најдобрите во Унгарија, Ристовски и Велковски во идеалните единаесет во Хрватска (ФОТО)

Објавено

на

Македонските репрезентативци Никола Серафимов, Стефан Ристовски и Дарко Велковски добија признанија за своите одлични партии во своите клубови во редовните кола во Унгарија и Хрватска.

Серафимов со својот Залаегерсег славеше над МОЛ Фехервар со 2-0, средба во која стоперот ги одигра сите 90 минути на високо ниво што беше доволно да се најде во тимот на 23.коло во првата унгарска лига.

Ристовски пак забележа асистенција за Динамо Загреб во триумфот над Шибеник од 3-0, додека Велковски беше активен низ целиот натпревар на Ријека која со 3-0 беше подобра од Славен Белупо.

Овие изданија на Македонците беа наградени со место меѓу најдобрите единаесет во 26. рунда во најсилната хрватска фудбалска конкуренција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни