Поврзете се со нас

Македонија

Серафимов им посака среќа на соиграчите од Металург и потврди дека е Ковид позитивен

Објавено

на

blank

Металург вчера соопшти дека Ковид 19 влегол и во нивниот тим, но иако со својата објава се обиде да ја задржи приватноста на заразените членови, оваа вечер Мартине Серафимов самиот и откри на јавноста дека тој е играчот кој има позитивен Ковид 19 тест.

Вториот заразен е член на стручниот штаб, но двата позитивни теста сепак не ги нарушуваат плановите на Металург кога е во прашање првиот натпревар во Лигата на Европа.

Во првото коло, нашиот претставник ќе ги одмери силите со Тулуз, а во пресрет на дуелот кој во вторник се игра во Франција, Серафимов им посака среќа на своите соиграчи.

– Сакам да ве известам дека сум Ковид позитивен при последното тестирање во РК Металург. Моментално се чувствивам добро и немам никакви симптоми. Ќе се придржувам кон протоколите за лекување и се надевам на брзо враќање на ракометот.

– Им посакувам на моите соиграчи успешен настап во Тулуз. Бладарност до клубот и соиграчите за подршката која ја добивам, – порача македонскиот репрезентативец на својот официјален фејсбук профил.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни