Поврзете се со нас

Репрезентација

Серафимов: Дишевме еден за друг, се боревме и го оставивме срцето на терен!

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Македонија го освои првиот бод на 29. Светско ракометно првенство и тоа во пресметката со фаворизираната Унгарија (27:27).

Нашата селекција одигра борбан и квалитетен меч во кој можеме да жалиме и што не победивме затоа што со ангажманот низ сите 60 минути покажавме знаење, желба за надигрување и значаен резултат.

Бекот на Алкалоид, Мартин Серафимов имаше свои минути и улога во Вараждин и според него треба да гледаме само позитивно на ова реми со Унгарците.

-Кажав и претходно, не можеме да сме задоволни од резултатот, ама и не треба да сме разочарани. Унгарија е моќна репрезентација со играчи кои играат во ЛШ. Многу сум среќен што дишевме еден за друг, се боревме и го оставивме срцето на терен. Резултатот така дојде.

-Се почувствував како да сум дома. Публиката многу ни помогна, беше наш осми играч и сигурен сум дека ќе нè бодри до крај. Претходно сите сме делеле минутажа, но сега сите играчи кои се во тимот имаат улога во тимовите. Играме во Лигата на шампионите, Лига на Европа, Еврокупот, Суперлигата… сите играме, се надигруваме, а тоа ни дава искуство и знаење, да играме и сплотено, како што треба, -порача Серафимов.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни