Поврзете се со нас

Англија

Сер Алекс доживеал непријатен момент, бил избркан од ВИП паркингот на „Вембли“ (Фото)

Објавено

на

Поранешниот легендарен менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон кој е една од најмаркантните фигури во светот на фудбалот доживеал непријатен момент пред вчерашната средба помеѓу Англија и Шкотска одиграна на „Вембли“.

Фергусон заедно со својот шофер се паркирале на ВИП паркингот пред стадионот, меѓутоа обезбедувањето веднаш дотрчало до нив и им кажало дека не смеат да паркираат тука.

Англиските медиуми веднаш објавија фотографија од целиот настан во кој Ферги доживеал непријатност. Весниците ги обвинија водечките луѓе на стадионот како и организаторите на натпреварот кои дозволиле Фергусон да биде вака понижен со коментар дека тој заслужува да му се постила црвен тепих каде и да се појави.

Од фотографиите јасно може да се забележи дека Фергусон е видно изненаден од тоа што е избркан од влезот на паркингот на „Вембли“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни