Светски првенства
Сензорот на Адидас откри колкава брзина достигнала топката по „бомбата“ на Рашфорд (Фото)

Мароканецот Сабири го матираше Тибо Куртоа од мртов агол и се изнарадува на голот кој значеше прв погодок од слободен удар на ова Светско првенство, но по деталните прегледи и употребата на новата технологија, ФИФА погодокот му го препиша на Саис кој наводно ја допрел топката пред истата да заврши во белгиската мрежа.
Ова направи мајсторијата на Маркус Рашфорд против Велс да биде прв директен гол од слободен удар на 22-то Светско првенство, кое е збогатено и со новата технологија на „Адидас“.
Угледниот гермнаски бренд има вградено сензори во „Ал Рихла“ кои го детектираат секој допир и промена на правец, но исто така ја мерат и брзината и ротациите со кои патува топката.
Ова овозможи да добиеме детална анализа за ремек-делото на Рашфорд од слободен удар, кое било изведено од 23,39 метри, достигнало максимална брзина од 115,63 километри на час и имало просечна ротација од 6,21 вртежи.
Модерната технологија измерила дека просечната брзина на топката изнесувала 102 километри на час, а само за потсетување, истата и помогна на ФИФА да ја потврди својата одлука и да му го поништи голот на Кристијано Роналдо против Уругвај.
-
Светпред 17 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 9 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 17 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 18 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 9 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 21 час
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 18 часа
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти