Поврзете се со нас

Светски првенства

Сензационалниот Коралес ги откажа Норвежаните, Франција на потежок начин до полуфиналето

Објавено

на

Шпанија покажа моќ кога најмногу требаше на мундијалот во Египет, издание со кое достави сериозна кандидатура за највисок пласма на Светското првенство кое влегува во завршната фаза.

„Фуријата“ имаше премногу расположени ракометари во нападот и тоа беше сериозен удар за Норвежаните, но уште полошо за скандинавците беше тоа што на голот неверојатен беше Коралес.

Шпанскиот голман имаше речиси 50 проценти одбранети удари кон неговиот гол и со 19 интервенции практично ги откажа Норвежаните во второто полувреме, во кое огромен пех за противничкиот тим беше и тоа што не можеше да смета на својот најдобар играч. Сагосен постигна четири гола во првиот дел, но некаде во 20-та минута почувствува дека не може да продолжи и не влезе во игра до крајот. Бергеруд исто така беше одличен на голот, но сепак Шпанците имаа далеку поголем квалитет во нападот и со триумф од 31:26 се пласираа во полуфиналето.

Противник во сензационалниот меч ќе им биде селекцијата на Данска која на драматичен начин се справи со домаќинот Египет, а патник меѓу најдобрите четири е и Шведска која го декласираше Катар со 35:23.

Ова е огромен успех за Швеѓаните со оглед на тоа што не сметаат на неколку станрадни репрезентативци на овој турнир, па подмладената селекција ќе се најде пред сериозен предзивик во второто полуфинале во кое противник ќе и биде Франција. Фаворизираните „триколори“ на доста потежок начин се пласираа во оваа фаза, откако мораа да играат продолженија за да ја совладаат Унгарија.

Унгарците беа подобри во првото полувреме и отидоа со предност на паузата (14:12), но Французите се соземаа, испуштија и победа во регуларните 60 минути, но во дополнителните 10 победија со 5:2 и со конечни 35:32 се пласираа во полуфиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни