Поврзете се со нас

Европски првенства

Сензационална „бомба“ од Франција: Голем пресврт во „случајот Бензема“, напаѓачот конечно ќе биде помилуван (Фото)

Објавено

на

Карим Бензема со години не е дел од француската фудаблска репрезентација поради скандалот кој го имаше со Метју Валбуена, но ова попладне од Франција пристигнуваат сезнационални вести, кои се најава за вистинска „бомба“ оваа вечер.

Дидие Дешамп вечерва ќе ја соопшти конечната листа од 26 фудбалери на кои ќе смета на Европското првенство, а два угледни медиуми од Франција изглегоа со ексклузивни информации дека меѓу повиканите ќе биде „отпишаната“ ѕвезда на Реал Мадрид.

„Лекип“ и „Ле Паризен“ тврдат дека Дешамп решил да стави крај на долгогодишното игнорирање на Карим Бензема и убедени се дека неговото име ќе биде вклучено во официјалната листа за Европското првенство, што значи дека фантастичниот напаѓач ќе добие голема шанса за игра на континентален турнир.

Бензема нема официјален настап за Франција од 2015-та година и ги пропушти Европското првенство во 2016-та и Светското првенство две години подоцна, но по пауза од шест години, се е подготвено за негово враќање во националниот тим.

Двата угледни медиуми уверуваат дека оваа најава е сто проценти точна, а како надополнување на тоа, во фокусот се најде и поправката на Бензема на Твитер каде од денеска пишува дека е и дел од францускиот фудбалски тим. Карим во изминативе три сезони игра на неверојатно високо ниво, па доколку се остварат најавите од Франција, конечно ќе ја добие фудбалската награда која и дефинитивно ја заслужува.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни